Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот тенисер во светот, Новак, за српските медиуми тој морал да бара пари од лихвари за да син му успее во тенисот. Поточно, очајно им требале пари за Новак да отпатува во Америка на јуниорски Гренд слем и Срѓан немал друг избор освен да земе пари од лихвар бидејќи ќе им пропаднел авансот што го уплатил.
Претходно иако им ветил пари не им дал сопругот на Лепа Брена, Слободан Живоиновиќ.
Срѓан го опиша и разговорот со „зеленашот“.
Ти се брза-ме праша лихворот
Да, морам да купам карти за да не ми пропадне авансот-рекол Срѓан
Колку ти треба.
5.000 долари за два месеци.
-Кај мене е каматата 12 посто месечно ама бидејќи ти се брза за тебе е 15-рекол лихварот.
Овие зборови предизвикале бес кај Срѓан и сакал да го претепа лихварот но сепак тоа не го направил
„Го погледнав неколку секунди и реков нема проблем. Ги зедов парите, дојдов дома, се заклучив во бањата и искршив се живо внатре. Се согласив на тоа бидејќи тоа беше неопходно за мојот син и неговата кариера. Ако ми беше потребно за мојот живот, нема да можеа да ме отргнат од него, ќе му ја испиев крвта“, се потсети Срѓан.