Поранешната девојка на Леонардо ди Каприо, израелскиот супермодел Бар Рефаели (35) поради затајување на данок во родниот Израел е осудена на 9 месеци општествено корисна работа, а нејзината мајка Ципи Левин (65) на 16 месеци затвор.
Мајката и ќерката исто така ќе мораат да платат милион и пол долари казна, а и сумата од 10 милиони долари со која се здобиле со неплаќање данок ќе мораат да ја вратат.
Рафаели која лани го водеше евровизискиот фестивал во Израел и е тамошна национална иконa, се бранела дека поголем дел во периодот од 2009 до 2012 година кога била во врска со Леонардо ди Каприо, ја поминала на релација Израел – САД и затоа не плаќала данок во својата држава. Но, обвинителството го отфрило нејзиното тврдење и ја обвинила за давање лажни информации.
Нејзините адвокати изјавиле дек Рафаели немала намера да избегне плаќање данок.