Судот во Истанбул го прогласи за виновен пензионерот Али Шахин кој е обвинет за навреда на турскиот претседатела Реџеп Тајип Ердогна. Наводно, тој употребил навредливи зборови за Ердоган во една локална кафеана во Анкара.
Шахин за казна ќе мора да прочита 24 историски книги за Турција, како и неколку биографски книги за турскиот претседател – пренесуваат турските медиуми. Тој исто така ќе мора да ја прочита книгата за обидот за државен удар во 2016 година, религиозна литература и книгата за Кемал Ататурк.
Шахин на судењето го отфрлил обвинението, и изјавил дека е жртва на клевета.