Нови две недели вонредна состојба се очекува да прогласи денеска шефот на државата, Стево Пендаровски, а толку ќе побара и Владата, најавуваат партиски извори од СДСМ за ТВ24.
Според истите извори, оваа одлука е епилог од пропаѓањето на преговорите на Зорaн Заев и Христијан Мицкоски за изборниот датум синоќа.
„Договор нема. Вонредната состојба ќе се продлжи за две недели, по што одиме на избори според владината уредба. Според неа, избори на 5-ти јули. Мислиме дека сите партии имаат доволно време да се подготват за избори“ – изјави за ТВ24 висок партиски функционер.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак за ТВ24 велат дека вчерашните бројки на новозаразени од коронавирусот воопшто не дозволиле да се разговара за избори со СДСМ.
„Бројките вчера беа толку лоши што им кажавме дека воопшто нема логика да се преговара за избори“ – вели висок партиски функционер.
Продолжување на вонредната состојба побараа вчера и од ВМРО-ДПМНЕ.