Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ е фасциниран од Марбеља, па решил за 10 милиони евра да купи луксузна вила во ова „рајско место“ во Шпанија.
Шпанските медиуми јавуваат дека Новак купува прекрасен имот и куќа во познатото летно одморалиште Коста дел Сол. Луксузната вила има неверојатни 1.000 квадратни метри и се наоѓа на имот што се простира на околу 3.500 квадратни метри. Новата куќа има се’! Базен, огромна теретана, тениско игралиште, голема скара, девет спални соби, осум бањи, игротека, импресивна дневна соба, прекрасна градина со поглед на море …
Тој досега ја изнајмувал споменатата вила, а пред неколку месеци започнал процес на купување на имотот што навистина му се допаѓа на неговата сопруга Јелена.
На социјалната мрежа твитер се појавија слики од замокот со објаснување дека тој и семејството тука го поминуваат времето во изолација, односно полицискиот час кој е воведен во Шпанија.
Сопругата на Новак, Јелена, смета дека Марбеља е идеална за нивните деца да растат, особено од аспект на социјализацијата.
Тие наводно планираат Стефан и Тара да одат на училиште таму кога ќе дојде време. Марбеља се наоѓа во Андалузија, на југот на Шпанија. Има околу 140 илјади жители и климата е одлична во текот на целата година. Комшии на семејството Ѓоковиќ ќе им бидат: Кристијано Роналдо, Владимир Путин, Антонио Бандерас, Џорџ Клуни, Роберт де Ниро, Хју Грант, Хулио Иглесијас, Ева Лонгорија…