Сара Гилберт, професорка која стои зад вакцината против коронавирус на универзитетот Оксфорд, вели дека во иднина можеме да очекуваме поголемо пренесување на инфекцијата од животни на луѓето, пишува „Sky news“.
Гилберт посочува дека човечката активност ја зголемува заканата од заразување со вирусот и дека е малку веројатно дека ризикот од пренесување ќе падне во иднина, особено ако глобализацијата продолжи.
-Поголема густина на населението, поголем број патувања, уништување на шумите – сите овие работи стануваат поверојатни нови појава на пандемија, а потоа и нејзиното ширење – изјави таа.
-Поради начинот на кој одеа работите во светот, поверојатно е дека во иднина ќе имаме зоонозни инфекции кои предизвикуваат појава на епидемија – додаде таа.
Инаку, зоолошка инфекција или зооноза е болест предизвикана од патоген, како што се бактерии или вирус, која се шири од животно на човек. Повеќето научници веруваат дека Ковид – прво се појавил во лилјаци, а потоа заразил луѓе, веројатно на пазарот во Вухан, Кина, каде што бил откриен вирусот. Други смртоносни заболувања како ебола, Сарс и западен Нил вирус исто така потекнуваат од животни.
СЗО проценува дека 75 проценти од сите нови заразни заболувања се зоонози, што значи дека потекнуваат од животни.