За пеење „Македонско девојче, курва голема“ или „За шиптари гасна комора“, кои се само дел од провокациите што може да се чујат од трибините особено на фудбалските натпревари, за сквернавење на името на Тоше Проески, за повикување на смрт за „шиптари“ или „каури“, отсега највисоките казни ќе ги сноси клубот чии навивачи пеат или дофрлуваат вакви текстови, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.
За да не бидат казнети клубовите, мора со поставување одговорно лице на натпреварот и со други акции што стриктно ги наведува законот, да спречи да дојде до недостојно однесување и насилство од страна на своите навивачи.
Па така на пример, ако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), навреме, односно во рок од 48 часа пред почетокот на натпреварот не утврди дека ќе се одржи спортски натпревар со зголемен ризик и не ги извести МВР и спортските клубови – учесници на натпреварот, ќе плати парична казна до 8.000 евра.
Досегашната максимална казна за федерациите беше само 2.000 евра за нивната мрзеливост и незаинтересираност.
Казната за навивач кој ќе пее песна на трибина која поттикнува омраза или насилство од верски, расни и националистички побуди, или кој ќе внесе и истакне транспарент, знамиња и други предмети со текст, слика и знак со таква содржина, ќе изнесува од 200 до 250 евра.( Досега оваа казна по лице беше од 600 до 1.000 евра).
Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК