Новак Ѓоковиќ со сопругата и децата наводно ќе го напушти Монте Карло, каде што живееја со години.
Во моменти кога бележи одлични резултати во САД, најдобриот тенисер е концентриран на планот со сопругата Јелена да го сменат живеалиштето после низа години поминати во Монако.
Имено, со синот Стефан и ќерката Тара тие планираат да се преселат во Марбеља, Шпанија.Наводно и двајцата се вљубиле во овој град на југот на Шпанија на прв поглед, а таму живее и неговиот брат Марко кој ја заврши тениската кариера и сега работи како тренер.
Наследниците на Ноле наскоро ќе почнат да одат во училиште во Марбеља, а ова познато туристичко место е по мерка на семејството Џоковиќ, и најверојатно ќе стане нивен дом.