“ЌЕ ЖИВЕАМ УШТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ“: Поранешниот тренер на Барселона боледува од АСЛ

by Тони Зографски

Поранешниот член во стручниот штаб на Луис Енрике во Барселона, Хуан Карлос Унзуе, ја шокираше шпанската јавност откако откри дека е сериозно болен.

Унзуе со години работеше со Енрике во Селта и Барселона, а исто така се обиде и како главен тренер на Селта и Жирона. Тој е без работа од октомври минатата година и како што стојат работите, повеќе нема да го видиме во тренерскиот свет.

Имено, Унзу денес ги шокираше сите со објавата дека е сериозно болен. Тој потврди дека боледува од амиотрофична латерална склероза (АЛС), за која е познато дека нема лек. Уште пошокантно е тоа што докторите му рекле дека му преостанува уште четири години живот.

“Имам АЛС и докторите ми рекоа дека имам уште четири години да живеам. Тоа беше шок за мене и за моето семејство, но луѓето се во можност да се прилагодат во сите ситуации, истакна Унзуе.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com