Новак Ѓоковиќ доби дозвола да го напушти “хотелот“ во кој бил заробен неколку дена.
Судијата Ентони Кели за време на судењето барал од Новак да го напушти миграциониот “хотел“ кој наводно со адвокатите требал да го гледа продолжение на судењето.
Од друга страна, РТС пренесува дека многу брзо се вратил во хотелот, поради технички проблеми, неможел да го следи судењето.
Инаку, одлучено е на Ѓоковиќ да му се продолжи дозволата за престој во Австралија бидејќи судењето траело подолго отколку што се очекувало. Исто така Владата на Австралија ќе мора да му исплати отштета за неправедниот четиридневен притвор, како и покривање на сите судски и административни трошоци. Според австралиските медиуми висината на отштетата која ќе ја плати австралиската влада може да достигне и до 500.000 долари.
Според австралиските медиуми висината на отштетата која ќе ја плати австралиската влада може да достигне и до 500.000 долари.
Се појавило и видео каде што се гледа како Новак го пуштаат од хотелот. Тој во бело комбе е изваден од хотелот, но не е познато каде е однесен.
#BREAKING: Novak Djokovic moved to an undisclosed location after the judge ordered him out of hotel detention to hear his fate.
The tennis star is set to win his appeal against deportation today.
Full report: https://t.co/EaIX3zkB2M pic.twitter.com/fp4kM6k0S8
— Avi Yemini (@OzraeliAvi) January 10, 2022