Градоначалникот на Град Скопје денеска за новинарите изјави дека казната од 45 евра за возачот на автомобилот со марка „Бентли“ кој помина низ новогодишниот декор на скопскиот плоштад е само првична, односно дека против него ќе се поднесе кривична пријава за загрозување на безбедноста на сообраќајот.
– Вчерашната снимка беше скандалозна. Глобата од 45 евра која ја објавив вчера не значи дека туку завршува работата околу санкционирање на лицето. Ќе биде поднесена кривична пријава бидејќи има елементи за загрозување на безбедноста на сообраќајот – изјави Шилегов.
Тој сепак вели дека е задоволен што властите веднаш реагирале и вели дека казната од 45 евра е само почеток за возачот на „Бентли“.
– Ќе го држиме обвинителството под око и ќе ја следиме ситуацијата со овој случај – порача Шилегов.