Возрасни Грци се пожалија на напад од страна на менаџер на бар на плажа на Халкидики затоа што сакале да седат на пешкири, а не на лежалки.
„Хелас Пост“ објави сведоштво на брачниот пар по нападот на плажата Кастамонити.
Жртвите биле на возраст од 70 и 74 години, а мажот се здобил со тешки повреди поради кои завршил на операција.
– Почна да нè навредува и да нè пцуе, а потоа почна да нè тепа. Викаше дека сака да нè удави во море. Повикав помош, но никој не дојде освен една девојка, вели жената.
Во изминатиот период имаше протести од страна на „Движењето пешкир“, кое бараше да се ослободат плажите и да се тргнат лежалките кои биле нелегално поставени.