Ким Гембел од Детроит за само осум часа, од коронавирус ги изгуби татко му и дедо му. Тој за “Раша тудеј“ раскажал дека неговото семејство е жртва на невнимание и на расизам.
–Имам чувство дека татко ми беше ставен на крајот на списокот за тестирање бидејќи е црн. Отиде да се тестира во кварт каде што живеат само белци. Го виделе и го вратиле дома да умре – раскажа Гембел.
Иако бил во контакт со болни од корона, на татко му Гари повеќе пати му рекле само да оди дома и да пие терапија за температура.
Кит верува дека неговиот татко како дијабетичар требало посериозно да биде третиран, а таквиот третман ќе го имал еденствено ако имал друга боја на кожата.
Инаку, дедо му и татко му умреле во временска дистанца од само осум часа.
-Се скршив. Шест часа пред да почине разговарав со татко му, а сега повеќе го нема. Тоа беше само неколку часа откако дедо ми почина – вели Кит кој откри дека и на неговата мајка не и дозволиле да се тестира иако иако имало благи симптоми на корона, а подоцна состојбата и се влошила. И нејзе од болницата ја испратиле дома, но за среќа таа ја победила болеста.