Ќерка му на Трамп се лекува во Белград?  (ФОТО)

by Тони Зографски

Вистинската причина за престојот на ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани во Белград е закажаниот преглед кај докторот по интегративна медицина, Момир Дуњиќ. Овој вид на лекување кој сеуште е во развој на овие простори, преставува спој на најдоброто од научната медицина и клинички докажаниот метод на комплиментарните и традиционалните гранки на медицината.  На Тифани и биле направени детални прегледи и дадени и се совети како да го подобри начинот на живот низ исхрана и физички активности.

Бидејќи податоците за пациентите се чуваат во најстрога тајност, а особено кога се работи за ќерка на претседателот на САД, никој не знае дали Тифани има одредени здравствени проблеми или на преглед заминала превентивно.

“ Не знам кој тоа ви го кажа. На сакам да зборувам за тоа“, кратко изјавил докторот Дуњиќ кој не демантирал дека Тифани е негов пациент.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com