Српската актерка Весна Чипчиќ најмногу ја знаема како Елза и Весна Шурдиловиќ од култните серии “Жикина Династија“ и “Жежок ветар“. Таа во бракот со актерот Александар Алач ја има ќерката Ања, која го наследи нивниот талент и се одлучи за актерство. Таа како и мајка и е вистинска убавица. Многумина ја споредуваат со Весна од млади години.
Преубавата Ања настапуваше во хрватската серија “Ружа вјетрова“ каде ја играше Инес. Во моментов игра во серијата “Убица мог оца“.