Секси водителката Николина Пишек пред бракот со историчарот Видое Ристовиќ била во врска со новинарот Марко Цигој, а од таа љубов, пред 21 година, ја добиле ќерката Хана Леонард. Неверојатно е колку Хана личи на мајка и и каде и да се појави плени со својот совршен изглед.
– Секој родител мисли дека неговото дете е посебно и да заслужува посебно име. Тоа е интимна одлука, и јас ниту ги осудувам, ниту ги поздравувам кога на децата им даваат необично име. Често таквото име може да биде терет за детето. Мојата постара ќерка Хана Леонард има две имиња. Секогаш сакав имињата да бидат интернационални бидејќи не знам каде животот ќе ги одведе децата – вели Пишек.