Посвоената ќерка на познатиот холивудски режисер Стивен Спилберг, Микаела Спилберг, откри дека ќе снима порно филмови.
Во ексклузивниот разговор за британскиот Sun, таа открила дека веќе снима соло настапи, а кога ќе се регистрира како сексуална работничка, планира да стане стриптизета.
Микаела изјави дека својата одлука им ја соопштила на родителите Стивен и неговата сопруга Кејт Кепшо, и дека тие и дале поддршка.
– Не го правам ова од инает, туку затоа што сакам да му оддадам почит на своето тело и од него да заработам, изјави Микаела Спилберг.
Таа претходно имаше проблеми со дрогата, но вели дека конечно излегла од пеколот на наркоманијата.
Таа на својот Инстаграм профил веќе има сподлено неколку експлицитни фотографии.