Семејстото на славната манекенка Синди Крафорд традиционално ги поминува празниците во Лас Кабос во Мексико, каде што уживаат во раскошната вила која ја демнат папараци.
Имено, Синди Крафорд ужива на егзотичната дестинација со сопругот Ранди Гербер и нивните деца на Пресли и Каја Гербер, која го зеде и момчето на ова патување, сè поуспешниот актер Остин Батлер.
Каја од година во година го поддржува трендот на попровокативни костими за капење, иако провокацијата во модата е толку многу вкоренета што бикините како на манекенката веќе не се предизвик.
Каја носеше костим за капење со танга, кој стана сосема вообичаена глетка на плажите, а се носеше и децении претходно, иако некои, додека пишуваат за овој тренд, умеат да го претстават како новитет.
Остин и Каја првпат се појавија во јавноста како двојка во декември 2021 година. Тие се фотографирани при излегување од јога-студио, а своето деби на црвениот тепих го имаа во 2022 година.