Милица Гутовиќ, најстарата од четирите деца на познатиот српски акетр Милан Лане Гутовиќ, познат по улогата на Среќко Шојиќ, тврди дека е измамена во врска со наследството на нејзиниот покоен татко. Спорот може да трае со години, тврдат адвокати за Мондо.
Милица Гутовиќ работи како актерка, балерина и учителка, а на својот Фејсбук профил неодамна објави видео во кое тврди дека пред смртта на нејзiниот татко кој беше на интензивна нега во времето на пандемијата со ковид-19 во просторијата влегле двајца непознати мажи кои ги претставила медицинската сестра. Таа вели дека тие не биле во роднинска врска со неа.
Според Милица, двајцата мажи заедно со медицинската сестра биле сведоци на наводен тестамент кој нејзиниот татко усно го искажал, а во кој таа и нејзината сестра Невена биле лишени од наследството на татко им.
Милица понатаму тврди дека нејзиниот татко, на денот кога бил составен тестаментот, бил под маска и шлем за кислород бидејќи без неа не можел да дише, а во прилог на тоа споделила фотографија од нејзиниот татко од тој ден во видеото.
– Сакам да истакнам дека на 16 август од телефонот на татко ми е испратена оваа шокантна фотографија на која јасно се гледа дека е под маска за кислород, шлем, бидејќи без неа не можел сам да дише. Ви го прикачувам тоа. Истиот ден, 18 август, кога наводно бил направен усниот тестамент, тато бил префрлен на вентилатор, а тој починал на 25 август – изјави Милица Гутовиќ.
Во Законот за наследување на Србија стои дека оставителот може усно да ја изрази својата последна волја пред тројца присутни сведоци во исто време, доколку поради исклучителни околности не може да направи писмен тестамент. Усна оставина престанува да важи по триесет дена од денот на престанокот на околностите во кои е направен.
Сведоците пред кои оставителот усно ја изразил својата последна волја се должни без одлагање да ја напишат изјавата на оставителот и да ја достават до судот во најкраток можен рок или усно да ја повторат пред судот наведувајќи кога, каде и во какви прилики оставителот ја дал својата последна волја. Извршувањето на таа должност не е услов за правосилност на усната оставина.
Србите ја знаат Милица како успешна актерка од сериите „Мешан брак“, „Ургентен центар“, „Хотел со седум ѕвезди“, како и во филмовите „Ивкова Слава“, „Отфрлена“, „Бели лавови“ .