Ќерката на виолинистот Коки Јанков, Лара го прослави својот 10-ти роденден со забава во спа центарот во хотелот „Мериот“ . Забавата на Лара ја организираа Коки и неговата поранешна сопруга Росана која сподели неколку слики од журката на „Фејсбук“.
„Најубавиот ден во животот ми е 26 мај. Утрото таа 2009 година животот ми подари божји благослов. Мојот крвоток, моја една и единствена, блескај во животот со посветеност, искреност, чесност и работи за да успееш. Среќна десетка Лара“, напиша на својот Фејсбук профил, Росана.
Инаку, откако се разведе, Коки, по четири месеци врска, неодамна тајно се ожени со својата поранешна девојка Маја.