Лила Мос не ја сокри инсулинската пумпа на ревијата на Том Форд во Њујорк.
19-годишната ќерка на Кејт Мос гордо го покажа медицинскиот уред за контролирање на дијабетесот на модното шоу во „Skylight“. Преку ваквите нејзини појавувања на јавни настани, Лила се залага за подигнување на свеста за дијабетес тип 1.
Откако се појави со инсулинската пумпа на црвениот тепих на Мет галата во мај годинава, таа од многумина беше наречена „инспирација за луѓето со дијабетес“.
Моделот, кој е копија на својата славна мајка, отворено зборува за дијабетесот. Во 2020 година, за The Kit, таа рече:
„Мислам дека не се многу луѓето кои знаат дека имам дијабетес. Тоа не е видливо однадвор, па никој не може да го знае тоа само што ќе те погледне“.