Погребот на пожарникар доброволец кој почина кога неговиот камион се преврте југозападно од Сиднеј беше одржан денес. Ендру О’Двајер (36) и неговиот колега Џефри Китон (32) загинале на 19 декември во пожар во близина на Буксон кога нивниот камион скршнал од патот.
Таткото на О’Двајер, Ерол, на погребот кажа дека неговиот син бил прекрасен, драг човек, кој нашол друго семејство кога се приклучил на Волонтерската противпожарна служба (РФС). Тој додал дека неговата сопруга и 19-месечната ќерка Шарлота биле негова најголема љубов.
На погребот присуствувала и малечката Шарлота, која откако го примила неговото одликување, ја ставила неговата кацига на глава.
На О’Двајер му беше постхумно доделена Пофалбата за извонредна служба и храброст, највисоко признание што може да им се даде на пожарникарите на Нов Јужен Велс, пренесува „Еј-би-си њуз“.