Ќерката на главниот сојузник на Путин „разнесена” во автомобил-бомба во Москва (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Ќерката на главниот сојузник на Владимир Путин наводно е убиена во бомбашки напад со автомобил во Москва, јавува бритабски Дејли Маил

Дарја Дугин била „разнесена на парчиња“ во „заговорот за атентат“, кој бил наменет за нејзиниот татко Александар, јавуваат британските медиуми.

Непотврдени извештаи велат дека таа го возела својот Land Cruiser Prado во близина на селото Bolshiye Vyazyomy кога возилото ненадејно експлодирало.

Западните и руските медиуми јавуваат дека автомобил експлодирал во Московската област; наводно возела Дарја Дугин, ќерката на Александар Дугин и дека загинала на лице место.

Засега нема официјална потврда, ниту информации за причината за експлозијата.

останати вести