Ќерката на милијардерот Бил Гејтс се појави на црвениот килим во текот на свеченоста на Time 100 во Њујорк.
Деветнасетгодишната Фиби одушеви со модерниот изглед додека му правеше друштво на нејзиниот татко. Облечена во тесен фустан кој ја истакна нејзината фигура, таа го привлече вниманието на новинарите.
Иако е ќерка на еден од најбогатите и највлијателни луѓе во светот, Фиби не е претерано активна на социјалните мрежи. На Instagram ја следат над 115.000 луѓе, а досега во јавност има споделено 26 објави.
Таа е најмладата ќерка на Бил и Мелинда Гејтс. Во интервју пред неколку години, Бил Гејтс откри дека не планира богатството да им го остави на децата.
„Моите деца се многу горди на фактот дека од нашето богатство нема да наследат скоро ништо“, изјави Гејтс и откри дека во следните неколку години целиот капитал ќе го донира на неговата хуманитарна огранизација која за цел има да ги искорени сиромаштијата и болестите во светот.
Додаде дека децата ќе стекнат образование и ќе мораат сами да си изградат кариера.
„Толку многу пари ќе им го уништат животот. Во наследство ќе добијат минимален дел, колку да не осиромашат. За сè друго ќе мора самите да се борат“, истакна Гејтс кој заедно со бившата сопруга Мелинда во хуманитарни цели досега има донирано над 30 милијарди долари.