Поранешниот тренер на ракометарите на Вардар и екс селектор на македонската репрезентација Веселин Вујовиќ важи за исклучиво позната спортска личност на овие простори, а особено кај армијата вардарови навивачи. Тој додека работеше во Скопје никогаш не зборуваше за својот приватниот живот.
Денеска дел од српските медиуми објавија фотки од неговата ќерка Бојана која е вистинска убавица.
Бојана е активна на својот Инстаграм профил и со постираните фотки открива делови од својот приватен живот. Според нив, очигледно дека популарниот Вујо е многу поврзан за Бојана, а и таа за него.