Ќебе го запали “Идризово“

by Тони Зографски

Во затворот „Идризово“ избил пожар во стариот дел од зградата, поради што била повикана пожарникарска екипа, а дел од заtворениците биле евакуирани од просториите.

Како што изјавил директорот на затворот, Боби Мојсоски, било запалено едно ќебе, но пожарот не се проширил и тој бил изгаснат од затворската полиција. Мојсоски нагласи дека во инцидентот нема повредени, ниту причинета материјална штета.

-Приметен бил чад, по што реагирала затворската полиција, најпрво ги извадила затворениците кои во моментот биле во просторијата, а потоа го изгаснала пожарот. Повикана била и Противпожарна бригада, но, иако тие пристигнале брзо и со две возила, пожарот веќе бил изгаснат- рече Мојсоски.

 

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com