Сараевските ќебапи се избрани меѓу 10-те најдобри јадења во светот, во годишното рангирање на Taste Atlas (Атлас за вкус).
-И покрај нивното јасно турско потекло, ќебапите се извор на голема национална гордост и омилено јадење на земјата. Откако ќе отстојат неколку часа, ќебапите се печат на јаглен. Традиционално, ова јадење о се состои од десет парчиња ќебапи ставени во мека, влажна, испечен сомун наречен лепина, како и разни прилози – стои во дел од описот за сараевските ќебапи.
Инаку, на рангирањето на прво место се најде мексиканското јадење – Konchita pibil. По него следат бразилска пикања, а третото место го зазеде полското јадење „pierogi ruskie“. Во првите десет се најдоа јадења од Шпанија, Грција, Перу, Италија, а интересно е што сараевските ќебапи се на 10-то место.