Жена која имала намера да се откаже од средбите преку Интернет, го пронашла совршениот партнер на последната страна од мажите кои се нудат за дружење и сега се подготвува да се омажи за него.
Комичарката Лорна Причард, која живее во Кардиф, опишала како започнала да прави виртуелни врски кога во март започнало заклучувањето.
Таа се приклучила на страницата за средби „Хинга“ и признава дека на почетокот и било многу чудно.
Лорна рекла дека нејзиниот профил содржи „неколку слики со мачки, без шминка, а биографијата гласи: ние ќе продолжиме ако сакате леќа, мачки и Елвис“.
Но, по неколку виртуелни врски, Лорна не успеала да се поврзе со некого и решила да ја заврши оваа ‘авантура’ со интернет конекции.
„Помислив, повторно ќе проверам дали има некој интересен на страницата, а тогаш наидов на Лео, инженер кој живее во Бристол“, рекла таа.
„Многу разговаравме преку WhatsApp и на крајот остваривме два или три видео повици“, рекол Лео.
„Ми рече дека обожава пливање и возење велосипед, кои ми се два омилени спортови“, објаснил тој.
„Од првиот момент сè тргна во вистинската насока. Звучи смешно, но штом го видов, се чувствував дека тој е тој“, додава таа.
По одличниот прв состанок, парот решил да се сретне повторно следниот ден на излет.
„Седевме покрај реката. Беше совршен летен ден и се подготвував да ја донесам најчудната и најимпулсивната одлука во мојот живот. Што се однесува до предлогот, тој беше совршен. Но, не очекував да му го кажам тоа на човекот што физички го запознав само претходниот ден“, рекла таа.
„Ден по тој прв состанок, ја запросив. Мислев дека тоа е вистинскиот момент затоа што постои можност да помине многу време пред повторно да се видиме“, објаснил Лео.
„Веќе имав прстен. Морав да ја прашам нејзината братучетка за големината на нејзиниот прст“, додал тој.
Од тогаш парот живее заедно и планираат венчавка.
„Сакаме да се венчаме што е можно поскоро. Идејата е да се направи свадба во Кардиф затоа што таму се поголемиот дел од моето семејство и пријатели“, изјавил Лео за британски Мирор.