Водителката, Ирена Спировска повеќе не го крие својот љубовен живот од очите на јавноста.
Таа на својот профил на Инстаграм објави фотка на која во елегантно издание позира со момчето Душко Исајловски.
Инаку, Ирена и Душко се повеќе од една година во врска, меѓутоа на почетокот за нив знаеле само нивните најблиски. Тие заедно често одат на различни авантуристички атракции, па на социјалните мрежи можат да се видат фотки како заедно планинарат, возат велосипед и уживаат во природните убавини.