Рускиот информативен канал „General SVR“ објави дека Алина Кабаева, наводната љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, е бремена
„Путин дознал дека неговата љубовница е повторно бремена – и се чини дека тоа не било планирано“, пренесува рускиот канал.
Понатаму наведуваат дека веста го налутила рускиот претседател особено затоа што пристигнала во време кога Русија се подготвувала за голема парада во Москва.
Веста ја пренесоа и многу странски медиуми.
Инаку, постојат тврдења дека Путин и Алина веќе имаат заеднички деца, иако извештаите се различни за бројот на децата.
Швајцарските медиуми објавија дека во 2015 година Кабаева имала момче во ексклузивна клиника во близина на езерото Лугано и уште едно момче од истото место во 2019 година. Но, „Sunday Times“ и „Wall Street Journal“ наведуваат дека во 2019 година таа добила близнаци во Москва.
Кремљ ги негира ваквите информации. Портпаролот на Путин уште во 2015 година изјави дека не е точна информацијата за раѓањето на бебињата чиј татко бил Владимир Путин.