Наводната љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, Алина Кабаева по долго време се појави во јавноста. Беше многу насмеана и елегантно облечена, а цело време избегнуваше да зборува за војната во Украина како и за наводните здравствени проблеми на Владимир Путин.
Ѕвездата на златен олимписки медал беше видена во јавноста кога се појави да отвори нов центар за гимнастика. При отворањето на комплексот во Сочи, таа избегнуваше да го спомене Путин, особено во контекст на тврдењата и шпекулациите дека тој се лизнал по скалите во Кремљ и направил хаос. Веќе неколку месеци се шпекулира дека Путин боледува од рак.
Алина, исто така, не ја спомна војната во Украина, во која се верува дека се убиени или ранети повеќе од 100.000 Руси.
Наместо тоа, таа им кажа на насобраните дека „невозможното е можно“, пренесува „Курир.рс“.
„Кога се занимавав со гимнастика и спорт, не можев ниту да сонувам за такви услови, какви што имате во новиот тренинг центар“, вели таа.
„Но, како што покажува животот, невозможното е можно. А Русија е земја со големи можности“, изјави таа.
За медиумите била интересна и самата појава на Алина, а веќе со месеци се шпекулира дека таа и Путин „подлегнале“ на извесни пластични операции на подмладување и затегнување на лицето. Русинката навистина изгледа видно поразлично во однос на претходните години – нејзините јаболчници се пополни, усните поголеми, а на лицето нема ниту една брчка иако е во години кога тоа е невозможно.
Последен пат Алина беше видена во јавноста во септември. Потоа се појавија гласини дека е повторно бремена и дека очекува девојче со Путин. Се шпекулираше дека Путин наводно и наредил да абортира.
V
Putin's 'lover', 39, makes rare public appearance but shuns mention of bloody Ukraine war – or the claim that he soiled himself after falling down the stairs
======https://t.co/x5DMhwUOi0 pic.twitter.com/0ZjAx34li2— Επικαιρότητα – V – News (@triantafyllidi2) December 3, 2022