Горан Пандев и неговата сопруга Надица се заедно долги години, и родители се на три деца, ќерките Ана и Софија и синот Филипо.
Македонскиот фудбалер со светска слава вели дека ништо немало да постигинге ако крај него сите овие години не била Надица. В недела, од 18.30 на Канал 5, ќе се емитува вториот дел од разговорот со Пандев во „Еден на Еден“, а меѓу многуте интересни приказни, тој зборува и за својата Надица.
– Фамилијата е најголем поддржувач, јас со мојата сопруга сум од мал, од 15 години. Заедно во Струмица, едноставно проаснавме заедно. И таман кога ќе почневме да имаме некои пријатели во Рим, се враќаме во Милано, таму ќе почнеш, одиш во Наполи. Едноставно, најголема жртва е фамилијата. Среќен сум што имам жена од Македонија, што ја знам толку години, што ме поддржа. Во Италија отидов млад, можев да почнам по некој друг пат. Тоа што го направив, голема заслуга е на Надица“, му рече Пандев на Жаре.
Во продолжение, погледнете видео кое накратко раскажува што ќе гледаме во недела вечер: