Претседателот на Европската Комисија , Жан Клод Јункер се појави со фластер на лицето на прес конференцијата по средбата со британската премиерка Тереза Меј. Тој во негов стил рече дека не смее да се протолкува дека фластерот го носи поради повреда што му ја направила Меј, туку дека се исекол утрово додека се бричел.
Инаку, Јункер по средбата со словенечкиот претседател Борут Пахор испрати мрачна порака доколку земјите од регионот не станат членки на ЕУ.
,,Доколку земјите од Западен Балкан не станат членки на ЕУ , рискираме да се вратитем во деведесетите. Тоа е прашање за војна или мир ! , предупреди Јункер на прес конференцијата.