Министерот Филипче на својот фејсбук профил ја објави радосната вест за малиот Онур, кој го победи карциномот, со порака дека оваа недела е посветена на сите кои победиле карциномот.
„Деновиве, нашиот јунак Онур го испративме дома од хемато-онколошкото одделение од Клиниката за детски болести. Онур уживај во детството, биди среќен и продолжи да се смееш! Го славиме животот со сите деца кои го победиле ракот, тоа се нашите јунаци, непобедливи. Оваа недела е посветена на сите кои победиле карциномот“ – напиша министерот за здравство во описот на видеото: