Жељко Јоксимовиќ, откако го распродаде првиот концерт во Скопје на 23 декември од 19 часот, закажа и втор, од 22 часот во Македонската опера и балет.
Јоксимовиќ ќе ги пее песните од албумите „Два света“, преработени песни од негови колеги, но и негови, авторски во џез и свинг манир. Во 2016 година, тој одржа четири предновогодишни концерти во Македонскиот народен театар со истиот проект. Пејачот и композитор не е познат по тоа што раскажува интимни моменти од приватниот живот, но остана една случка која е интересна за јавноста.
„Присуствував на породувањето на мојата Јована, со синот Коста. Јас сакам убавите моменти да ги снимам со мојата камера, па го снимив и овој. Кога влегов во породилната сала, докторот ми рече: “Ако паѓаш, тоа нека биде на оваа страна, не каде што стојат инструментите. Застанав со камерата и бев како на старт уште пред да почне породувањето“, откри Жељко во една прилика и додаде дека е добро што сопругата се одлучила на царски рез.
Тој и водителката Јована Јанковиќ имааат три деца. Близначките Ана и Срна наполнија една година, а синот Коста има четири.