Со авион вреден 50 милиони долари најдобриот кошаркар во НБА плеј офот , Србинот Никола Јокиќ слета во Белград.
Никола Јокиќ пристигна во Белград со приватен луксузен авион кој го „позајми“ од сопственикот на Нагетс.
Популарниот Џокер по шампионската прослава во Денвер навреме пристигна во својот роден Сомбор на неговите омилени коњички трки а за тоа се погрижи сопственикот на Денвер Нагетс, кој му „позајми“ авион вреден 50 милиони долари за да дојде во Белград.
Јокиќ пристигна во Србија со моделот на авион „Bombardier Global 6000“ во сопственост на Стен Кренке.
Чудесната „челична птица“ може да лета 17 часа без застанување, што е најдолго во споредба со сите конкуренти меѓу приватните авиони, а максималната брзина и е 1.090 km/h.
Должината на авионот е 30 метри, а распонот на крилата е 28 метри.