Откако судот го ослободи Никола Груевски од случајот „Траекторија”, интересен пост на својот Фејсбук профил имаше актерот Јовица Михајловски.
“Груевски безбедно пренесен во Будимпешта на 13 Ноември, лани. Груевски ослободен од обвинение на 13 Ноември, денес. Да се бетонира датумот како историски, ден на ослободување на Скопје, а и на значајниот херој во Будимпешта. Мораше денес. Мора и отштета, од наши пари, дека херојски крадел милиони од провизии.
Името решено. Влез во Нато обезбеден. Закон за двојазичност донесен. СЈО растурено. Судиите исти.,,Хероите,, од 27 Април на слобода. Нема правда, има мир, за обвинетите, од дпмне. Попис нема. Избори има, непроменет модел.
Од растурена банда дпмне, до идна владејачка партија, за само 2 години.
Кога ќе избереш прав човек на право место, тогаш си на прав пат. Сите заслуги одат кај ,,криминалецот,, Заев и ,,хунтата,, од сдсм.
Да ги бираше дпмне, немаше да најде подобри да одработи за нив, на наместен тендер“, напиша Михајловски на својот Фејсбук профил.