Зоран Михајлов
-Попоски беше една од најмаркатните македонски фигури во алпинистичкиот спорт.
-Тој беше водач на експедицијата ,кога на врвот на светот Монт Еверест на 10 мај 1989 година -во рацете на легендрниот Димитар Илиевски-Мурато се развиори и македонското знаме.
-Подвигот кој е запишан во аналите на нашиот спорт-за жал имаше тажен крај.
Во Македонија во минатиот век во мноштвото спортови, кои го имаа својот расцут беше и алпинизмот. Иако,далеку од очите на спортските љубители,сепак на некој начин алпинистите беа спортските херои за кои многу се зборуваше. Тие,откако ќе тргнеа на својот пат кон искачувањето(тогаш велевме освојувањето,што не е адекватен збор за она што го правеа) на некој од светски познтаите врвови,сите бевме во исчекување на исходот од храбриот потфат. Интересно е дека речи си сите искачувања на врвовите, најчесто алпските, како на пример Мон Блан и Матерхон беа успешни. Имаше случаи, кога поради лошите временски услови потфатот не беше реализиран, но тоа беше минорно во споредба со она што беше остварено.
Една од најмаркантните фигури,која се појавува во алпинистичкиот спорт во 70-сеттите години од минатиот век беше Јове Попоски. Тој, како и многуте негови другари мечтаеше да тргне по патот на успехот, па го избра токму алпинизмот преку кој сакаше да ја покаже својата храброст и сила.
-Во алпинизмот дојдов случајно, се сеќава на тој период Попоски.
-Јас,уште во детските години сакав да ловам рипчиња на Вардар и Треска. Но,што се случи: еден ден тргнав со јадицата на Треска и завршив во Матка! Таму,околу легендата на нашиот алпинистички спорт –Јован Ангелов-Циго беа насобрани многу деца, меѓу кои имаше и мои другари,кои почнуваа да ги изучуваат основите лекции на алпинизмот. На групата се приклучив и јас- и веднаш ми стана интересно од она што го слушав. Во мене како да се разбуди некое ново чувство и од тој ден почна мојот алпинистички живот. Што е интересно, истиот ден го имав и првото искачување,и тоа на Отмаровата насока (Отмар Худомаљ беше врвен алпинист,кој за жал искачувајќи се на карпите над Матка го загуби животот).
Така, во плејадата млади алпинисти се најде и Јове Попоски кој во тие моменти и не помислуваше дека подоцна ќе стане една од главните личности во алпинистичкиот спорт и ќе стигне дотаму да биде водач на Хималајската експедиција.
Меѓу најмладите на Словенечките врвови
Уште на почетокот од својот спортски живот Јове не го водеше само страста кон алпинизмот туку кај него се виде дека се кријат големи потенцијали. Постарите алпинисти како Циго и Пајо тоа го почувствуваа и веќе на 15-годишна возраст му дадоа шанса да се вклучи во екипите кои крстосуваа по планинските врвови на Алпите во Словенија.
-Се сеќавам на тие моменти,кога со Владимир Андреевски-Пајо заминав во Словенија. Тогаш за мене како и за сите млаи алпинисти голем предизвик беше искачувањето на најголемиот југословенски врв Триглав. Овде, особено привлечна беше Северната карпа на Триглав,која со своиоте 6,5 километри е една од најдолгите во Европа и во светот. Искачувањето на неа и тоа од четири насоки,од кои на една – јас бев напред во двојката со Пајо, беше знак дека веќе сум „готов“ алпинист. Својата знаење,сила и снаодливост ги демонстрирав и на популарната Скалашка-Горењска, исто така во Словенија, на која се искачив од сите 5 правци! За еден млад алпинист тоа беше рамно на подвиг, бидејќи да се искачиш на Скалашка-Горењска од 5-тата насока беше многу тешко, требаше да се совлада височинска разлика од 800 метри! Во Словенија имав среќа да научам многу работи од познатите алпинисти, меѓу кои беше и Јоже Чоп,па така веднаш бев „пикнат“ во оној „жешкиот“ алпинизам.
Напредокот на Јове Попоски во алпинизмот од година во година беше се позабележителен. За да биде тоа така многу му помогна и учеството на курсевите.
-Секоја година беа организирани најмалку по два курса на кои предавачи беа словенечки инструктори. Словенија имаше одлична база за алпинизмот и врвни инструктори од кои можеше многу да се научи, вели Попоски.Тогаш се запознав и со легендарниот Виктор Грошељ со кого подоцна имав голема соработка, а заедно учествувавме во многу експедиции.
Формирање сопствени експедиции
Македонските алпинисти кои дотогаш беа вклучувани во експедициите од другите земји почнаа да размислуваат за формирање сопствени експедиции.
-Интересно е, се сеќава Попоски, што првата наша шанса да отпатуваме како самостојна експедициј ,и тоа во Авганистан,пропадна! Но, иако имаше мало разочарување кај нас. продолживме со уште поголем ентузијазам да работиме и да ги реализираме зацтаните цели. Имавме изработени цели елаборати за тоа какви ќе бидат нашите активности. Тогаш се роди и идеата за формирање експедиција за Хималаите. За ова добивме поддршка од тогашниот Комитет за физичка култура,како врвна спортска институција во Македонија на чие чело беше Предраг Кушевски. Иако во Планинарскиот сојуз на Македонија во кој бевме вклучени и ние-алпинистите имаше поделени мислења, дури и отпори, сепак на крајот беше дадено „ зелено светло“ за формирање Хималајска експедиција.
Не помина долго време, па на почетокот од 80-сеттите години беше формиран Организациониот комитет за реализација на проектот – Монт Еверест . Претсеател на Комитетот беше д-р. Черпналкоски, заменици претседатели беа д-р Драги Данев задолжен за логистика и Јове Поповски кој требаше да го реализира спортскиот дел, секретар беше Тања Попоска, сопругата на Јове, на чиј грб всушност падна сиот товар поврзан со логистиката и воопшто целокупната организација за реализација на потфатот.
Со оглед на тоа што Јове Попоски веќе беше искусен алпинист,кој мина низ сите фази на обука-најмногу на курсевите во Словенија, беше назначен за водач на Хималајската експедиција.
– Мора веднаш да кажам дека јас иако бев определен за водач немав такво чувство,вели скромниот Попоски.Во експедицијата немаше делби,па затоа и јас така ја сфаќав задачата што ми беше доделена.Единствено предноста беше во тоа – што мојот збор особено во некои сложени ситуации беше последен.
Тешки испити пред искачувањето на Монт Еверест
-Откако се беше ставено на хартија во вид на елаборат, јас бидејќи бев задолжен за спортскиот дел на проектот направив програма за подготовки,продолжува Попоски. Се тренираше трипати на ден. Се работеше на техника,особено на глинен терен зашто глината беше најдобра замена за мразот што не очекуваше на Хималаите, потоа имавме тренинг и на карпа .Одбиравме комбиниран терен,одевме и во Лешница,а работевме и на кондиционите подготовки за да се подобри издржливоста и брзината.Јас,на пример секое утро со Васил Франговски имав тркачки тренинг, попладне одевме на Водно, а во доцните попладневни часови заминувавме во Матка и работевме на глинен терен. Беше напорно, но знаевме дека за да се успее мора да биде така.
Времето минуваше експедицијата се екипираше и често заминуваше на врвовите ширум светот. Во текот на повеќегодишната поддготовка (речи си 10 години) имаше многу тешки испити. Алпинистите заминуваа и се искачуваа на престижните врвови какви што беа Хуаскаран на Андите, потоа имаше искачување и на Памир. Килиманџаро од алпинистички аспект,иако многу се споменува во светот на овој спорт, не беше толку привлечен. Тој се третираше повеќе како планински врв без некои поголеми опасности од алпинистички аспект.
-Нашата цел беше да одиме на искачување по насоките кон врвовите кои имаат слични особености, како Хималаите и Монт Еверест ,продолжува Попоски. Токму затоа го одбравме и познатиот Хималајски врв Манасл за кој алпинистите често знаат да кажат дека е тоа врвот на светот. Овде имавме и непријатни стуации. На пример, на неколку часови пред врвот го откажавме искачувањето поради лошите временски услови. Диме-Мурато кој беше многу храбар се подналути. Тој сакаше да продолжиме нагоре,но мојот збор беше последен и не сакав да ризикувам. Така малку разочарани се вративме дома. Но, сето тоа брзо беше заборавено зашто времето минуваше,а нас не очекуваа многу други предизвици.
Членовите на експедицијата имаа напорни тренинзи. Комуникацијата меѓу сите најмногу благодарејќи на способностите и ангажираноста на Тања,се одвиваше беспрекорно. Иако алпинистите беа од повеќе градови на Македонија, во секој момент се знаеше кој во каква форма се наоѓа. Накусо кажано сите дишеа како еден.
Искачувањето на европските врвови полека се претвори во една интересна алпинистичка авантура.Иако и тие носеа одредени опасности-за македонските алпинисти кои се подготвуваа за Хималаите, тие не претставуваа некој посериозен проблем. Впрочем, некои од алпинистите што беа вклучени во програмата за Хималаите и претходно се имаа искачувано на Мон Блан и Матерхорн, а за оние врвови како Триглав,Кораб и сличните на нив да не зборуваме. Тие претставуваа едно убаво доживување. Се разбира, ако временските услови беа лоши и тука имаше непријатности, но тие беа далеку од оние што ги очекуваа на Монт Еверест.
Лична карта-Јован Попоски
Роден 1948 година во Прилеп
Кариера:Планинарско друштво „Скопје-Матица“,ПД„Празни торба“,Алпинистичко друштво „Матка“
Успеси:Искачување во сите насоки на сите карпи во просторите на поранешна Југославија,потоа насоки на карпи на пет Континенти,член на југословенската експедиција на Јужната карпа на четвртиот врв по височина во светот Лоце (8.510 метри) на Хималаите и со 3,5 километри височинска разлика (фигуративно кажано како да се искачиш на пет Водна,едно врз друго!)
Comments are closed.