Јована и Жељко Јоксимовиќ се позитивни на коронавирус. Според изворот, парот е во изолација, која наскоро ќе истече, а двајцата постепено закрепнуваат.
2022 година не започнала така одлично за оваа двојка. И двајцата позитивни на коронавирусот, на самиот почеток на оваа година биле принудени да бидат дома, за да се опорават од нималку безопасна дијагноза, пишува „Стори“.
Состојбата од ден на ден им се подобрува, а наскоро ќе се вратат на секојдневните обврски и работа.
Инаку, Жељко пред неколку дена ја откажа српската новогодишна ноќ која беше закажана за 13 јануари на шеталиштето Сава.