Едни од најпопуларните браќа во Србија се Жељко и Саша Јоксимовиќ. За Жељко е многу напишано, познато е дека е женет со познатата водителка Јована, а за неговиот брат, српскиот актер Саша, малку се знае.
Тој е 11 години во брак со продуцентот Невена Јоксимовиќ со која го има синот Илија. Тие се заедно 19 години, од средно училиште.
– Да сум слободен, не знам како ќе најдам девојка. Јас и Невена сме од времето кога се веруваше во љубов, немаше силикони, старлети, ниту Фејсбук и Инстаграм. Се венчавме во лето и толку ни беше убаво што се договоривме секој десет години да правиме свадба – изјавил Саша за “Глорија“.
– Без него неможете со некого ни кафе да се напиете. Најважно е да ви е интересно со партнерот. Јас и Саша можеме и дваесет дена да бидеме негде затворени, а да не ни биде досадно, – рекла Невена.
Инаку, Невена Јоксимовиќ освен продукција, завршила и Филолошки факултет, на отсекот германски јазик. Дел од српските медиуми сметаат дека таа е поубава од сопругата на Жељко, Јована Јоксимовиќ.