И Јелена рецепционерката од Преспав има свој Инстаграм профил. Популарната актерка Јелена Јованова на Инстаграм можете да ја најдете и како Јелена од Драчево, според ликот кој го глуми во серијата. Третата сезона од „Преспав“ почнува на 17 декември на Македонската телевизија.
„Таа е многу забавна и инспиративна. Безгранично отворена за игра, весела и со неисцрпен карактер. Од неа може да се очекува буквално се и таквата непредвидливост е нешто што ме забавува секој миг поминат со неа на сет, а на мое големо задоволство гледам дека и публиката го ужива истото“, изјави актерката за рецепционерката која ја глуми.
Јованова, откако е омажи за актерот Стјепан Периќ, живее на релација Скопје- Загреб, а е по потекло од Штип.
“ Живеам со човек кој точно разбира што работам и ја имам целата негова поддршка.“, рече таа.
Јелена се прослави ионтернационално откако глумеше во филмот „Во земјата на крвта и медот“ на Анџелина Џоли.