Македонската актерка Јелена Јованова, која сите ја обожаваме по улогата на Јелена од Драчево од серијата „Преспав“ е една од најсупешните актерки во земјава која може да се пофали со богата кариера и надвор од границите на Македонија.
Освен што имаше улоги во серии и филмови во регионот, таа во 2011 година ја доби улогата на Есма во филмот „Во земјата на крв и мед“, кој го режираше славната актерка Анџелина Џоли.
На својот Инстаграм профил таа објави фотографија на која заедно со актерот Бред Пит се на насловни страни, таа на сканди, тој на судоку.
-Само ние двајцата, напиша Јелена во описот на објавата.