Во црн градник и долна облека, македонската актерка Јелена Јованова-Периќ позира на Железничка станица.
Во ретро стил актерката го претстави спонтаниот провокативен стајлинг со високи штикли и фотографија во црно бело.
Всушност станува збор за рекламна кампања за бренд за кој актерката е заштитно лице.
Инаку Јелена Јованова изминатиот период беше актуелна по улогата со нејзиниот колега Сашко Коцев во словенскиот филм „Нешто слатко“ кој се уште се прикажува во кината низ Македонија.