Mакедонската aктерка Јелена Јованова живее во Загреб кој вчера беше погоден од два стравични земјотреси со над 5 степени на Рихтеровата скала. Таа на социјалните мрежи напиша дека е добро, и даде апел за солидарност.
“Има. Има сеуште добрина!
Дури и онаа што е закопана во ваков момент еруптира/избива/присуствува.
Немоќни сме против нештата што не се во наша контрола.
Но зошто се правиме немоќни за нештата на кои можеме да влијаеме?
Денес Загреб се разбуди во злокобно немоќно зуење!
Денес жени се породуваа во автомобили!
Денес луѓе останаа без домови!
Но денес луѓе помагаа на луѓе!
Се ретчиме! А толку многу си требаме едни на други!
Тргнете го презеот што ви ја покрива одговорноста/солидарноста/совеста!
Победете го стравот кој ве мами да се чувтвувате стигматизирани ако сте заразени.
Кој ве тера да лажете деке не сте биле во контакт со некој кој е и ве турка кон рушење на самоодговорноста!
Дозволете си да си помогнеме! Од нас зависи!
Фала ви уште еднаш на сите што пишавте – јас сум богат човек зашто ве имам. Ве имам многу!
Ве гушкам од Загреб кој се бори и не се предава“; напиша Јелена на социјалните мрежи.
Под објавата се нижеа зборови за поддршка, да се чуваат и да си помогаат.
Инаку, Јелена веќе неколку години живее во Загреб каде што се омажи за актерот, нејзиниот колега Стјепан Периќ.