Актерката Јелена Јованова не сме ја виделе во вакво издание. Таа сними новогодишна народна песна на која ја придружуваат трубачи. Јелена игра со музичарите во стилот на Јелена од Драчево, ликот кој го глуми во серијата „Преспав“.
Спотот на Јелена е дел од новогодишната програма која серијата ја сними за Македонската телевизија, а ќе се емистува на 31 декември
. Репликите на Јелена од Драчево се вистински хит меѓу народот, а сигурно дека хит ќе стане и песната на „рецепционерката“ која сега е унапредена во менаџер на пансионот.