Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ многу често ја истакнува поддршката која ја добива од семејството, сопругата Јелена и децата Стефан и Тара. По освојувањето на седмата титула на Австралија Опен, Јелена на Твитер ја откри тајната на сите оние кои се запрашаа како се станува шампион.
Како главни двигатели на шампионскиот пат на Новак, Јелена ги наведе љубовта и страста кои му се ветар во грбот на нејзиниот сопруг во соборувањето на сите можни тениски рекорди.
Таа рецептот за успех го подели со нејзините следбеници на Твитер.