Сопругата на најдобриот тенисер на светот Новаќ Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, истакна дека Новак со сите сили се обидува да биде добар татко, но постојат проблеми.
– Тој е прекрасен татко и го прави тоа многу добро, но неговиот капацитет за таков вид концентрација е ограничен – рече Јелена во емисија на телевизијата К1.
Јелена и Новак ги имаат синот Стефан и ќерката Тара. Таа не планира проширување на семејството:
– Ги вложив сите мои напори во воспитувањето на нашите деца. Јас сум целосно посветена. Рацете ми се полни со работа, мислам дека не ми треба повеќе работа. Го разбирам Ноле, тој многу пропушти во растењето на нашите деца и претпоставувам дека кога ќе ја заврши кариерата, ќе посака уште едно дете. Сепак, јас велам „не“, мојот избор е „не“ – истакна Јелена.