Хрватаската пејачка Јелена Розга неодамна откри дека има ново момче, иако сè уште строго го држи во тајност, а сега проговори за нивната врска.
Таа сè уште го држи подалеку од очите на јавноста, не го кажува неговото име, но зборуваше за доверба во врската.
– Длабоко верувам дека довербата е основа на секоја квалитетна врска, вклучително и љубовна врска. Љубомората може да биде само еден зачин кој треба паметно да се дозира за врската да не стане горчлива – вели таа.
Иако е емотивна и често пушта по некоја солза, пејачката додава дека не жали за поранешните љубови.
– Не ми паѓа напамет да голтам солзи, но ниту ми паѓа напамет да плачам поради истуреното млеко. Верувам дека солзите ја чистат душата. Сепак, никогаш не треба да се давиш во нив – додава таа.
Јелена Розга неодамна настапи во Будва, а на прес-конференцијата по концертот откри дека е повторно вљубена.
Таа го коментираше својот љубовен живот и откри дека е во врска, а накратко се осврна на текстот на нејзината песна: „Јас веќе не сум соло играч“.