Јелена Розга од летоска ужива во љубовта со 12 години помладиот белграѓанец, пишуваат српските медиуми. Станува збор за човек кој се занимава со консалтинг, а Јелена го запознала летоска преку заеднички пријател, пишува Стори.
„Разликата од 12 години не прави никаков проблем, тој ја „мази и ја пази“. После Стјепан Хаусер, кој кон нејзе беше лош, ѝ беше повеќе од потребен маж кој ќе му биде целосна спротивност“, навел изворот и додал дека Розга сака нивната врска барем уште некое време да биде тајна.
„Јелена не сака да ја изгуби приватноста и среќата што ја има покрај тоа момче. Уште на почетокот го замоли по ниедна цена да не открива дека се заедно. За нив знаат само најблиските пријатели и сигурно уште некое време нема да биде подготвена јавно да истапи и да каже дека е вљубена во толку помлад маж. Сепак, планираат заедничка иднина и прашање на ден е кога ќе мора да ја обелоденат врската“.