Српската пејачка Јелена Карлеуша неодамна успеа да го врати својот инстаграм-профил, кој го следат милиони луѓе, после што соопшти дека наскоро ќе отвори профил на познатата платформа за возрасни, попозната под називот Онлифенс (Onlyfans).
Станува збор за апликација накој своите провокативни фотографии ќе може да ги продава, бидејќи другите социјални мрежи санкционираат ваков вид на содржина.
Оваа вест одекна како бомба, и веднаш стана водечка тема кога станува збор за балканскиот шоубизнис.
Бидејќи веднаш почнаа бројни шпекулации, а имаше и такви кои се надеваа дека на споменатата веб-страница ќе ја видат „на дело“ згодната пејачка, таа сега ги коментираше овие наводи:
– Инстаграм ги заостри правилата и ја санкционира секоја поексплицитна содржина, дури и фотографии во бикини. Затоа сакам да отворам профил на OnlyFans. Реакциите се како да најавив снимање на порно филм – кратко рекла Јелена Карлеуша за српски „Информер“.
Јелена Карлеуша неодамна објави дека е во преговори за снимање филм по мотивите на нејзиниот живот.
– Ќе ви откријам една ексклузивна. Во преговори сум да се играм самата себе во филмот. Зборувам за тоа многу активно. Јас и еден наш многу познат актер би ги добиле главните улоги – рекла Карлеуша.